Ванеса Брајант со ќерките во Дубровник: „Ја исполнив желбата на Коби, Наталија да оди во Хрватска“
- Детали
- вторник, 03 август 2021
Ванеса Брајант заедно со трите ќерки во моментов е на одмор во Хрватска. Како што вели, таа решила да ja исполни желбата на Коби, нивната најголема ќерка сепак да го добие патувањето во Хрватска.
Семејството на прерано починатиот кошаркар Коби Брајант, во Хрватска ќе престојува две недели, а Ванеса досега објави повеќе фотографии на социјалните мрежи.
Освен што уживаа во базен, Ванеса заедно со Наталија (18), Бјанка (4) и Капри (2) беа на King's Landing фиктивниот град од Game of Thrones.
https://www.instagram.com/p/CSFIn8WJTTy/?utm_source=ig_web_copy_link
Ванеса сподели дека локацијата била инспирирана од матурантската екскурзија на Наталија што била откажана поради пандемијата.
„Заедно со децата сме на King's Landing. Коби ѝ дозволи на Наталија да оди на патување во Хрватска со нејзините соученици матуранти но, за жал, патувањето беше откажано поради ковид. Сакав да се осигурам дека Наталија ќе ја добие можноста да оди на ова патување. Прекрасно е“ – напиша таа.
https://www.instagram.com/p/CSCPQvCnXIM/?utm_source=ig_web_copy_link
Ванеса додава и дека последните две недели што ги поминала со нејзините ќерки во Европа биле прекрасни, затоа што поминала доста квалитетно време со девојчињата.
https://www.instagram.com/p/CSF7StclifS/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, заедно со Ванеса и девојките во Хрватска дојде и сопругата на шпанскиот кошаркар По Гасол, Катерин Мекдонел. По и Катерин ја крстија нивната ќеркичка по починатата ќерка на Коби и Ванеса, Џиана.
Повеќе фотографии во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CSCUGXsHOQE/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSF5muslv3w/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSF6BBGlIyf/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSF6IWTF7VB/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSF7Gc-lKP6/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело