Во танга монокини без Фотошоп - Кортни Кардашијан (42) објави необработени фотки од себе
- Детали
- вторник, 07 септември 2021
Во црвено монокини, без филтер и без Фотошоп... Како навистина изгледа најстарата сестра во семејството Кардашијан?
Кортни Кардашијан (42) објави неколку фотографии од неа во црвено монокини од линијата на нејзината сестра Кајли Џенер. Кортни по одморот со нејзиното момче Травис Баркер во Италија во моментов одмoра во куќата на нејзината мајка Крис Џенер во Палм Спрингс.
Освен тоа што изгледа неодоливо во црвеното монокини, 42-годишната ријалити ѕвезда доби бонус поени од следбениците на социјалните мрежи затоа што фотографиите што ги објави не беа обработени.
Додека нејзините сестри честопати се мета на критики затоа што премногу ги обработуваат фотографиите, на Кортни ова не ѝ е првпат да објави вакви фотографии. Таа пред два месеци објави уште една фотографија во танга бикини на која можеше да се види целулитот на задникот.
Инаку, Кортни во последно време објавува и фотографии на кои е заедно со нејзиното момче Тревис Баркер.
Погледнете повеќе фотографии од неа во продолжение:
Прочитајте и Страсни допири, смели пози: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер не ги тргаат рацете еден од друг на одмор во Италија
Б. С. Б. | Црнобело