Кристијано Роналдо и Џорџина се пресреќни во новиот дом во Англија по трансферот во Манчестер Јунајтед (фото)
- Детали
- недела, 05 септември 2021
Кристијано Роналдо, заедно со децата и девојката Џорџина Родригез, се пресели во Англија откако се префрли во Манчестер Јунајтед, а според најновите Инстаграм објави, целото семејство е пресреќно во новиот дом.
Кристијано Роналдо одлучи да ја продолжи фудбалската кариера во клубот Манчестер Јунајтед, па заедно со семејството се преселија во Обединетото Кралство. На 36-годишниот фудбалер и неговата 27-годишна девојка Џорџина Родригез очигледно им годи новиот дом - и двајцата споделија неколку фотки што го потврдуваат тоа.
Кристијано објави слатки фотографии со неговите деца, како и една со Џорџина, со опис:
„Кој вели дека нема сонце во Манчестер?“
И Џорџина сподели неколку фотографии, од кои се гледа дека сите уживаат во нивниот нов дом. Во описот, моделот вели дека вистински ѝ недостасува животот во Обединетото Кралство.
Според извори блиски до Кристијано и Џорџина, тие се пресреќни што повторно имаат можност да живеат во Англија:
„На Роналдо му се допаѓаше периодот кога играше за Манчестер, а претходно Џорџина работеше како дадилка во Обединетото Кралство, пред да се пресели во Шпанија и да го запознае него. Знаат дека Британците се гостопримливи и едвај чекаат нивните деца да го искусат животот во Кралството“.
Прочитајте повеќе: Кристијано Роналдо дојде во „Јунајтед“ како скромен тинејџер со мајка му - се враќа како ѕвезда и милијардер со 4 деца
Спирова С. | Црнобело