Жената на „Аполон на 21 век“ – сопругата на Идрис Елба го освоила актерот на прв поглед (фото)
- Детали
- среда, 08 септември 2021
Популарниот актер го нарекуваат „Аполон на 21 век“. Идрис Елба (48) заедно со неговата сопруга Сабрина Даур Елба (32) се еден од најатрактивните парови во светот на славните.
Двојката се венчала во 2019 година, а пред бракот со оваа убавица, Елба бил 2 пати женет, првиот пар со Хана Боргард од 1999 до 2003 година, а вториот пат со Соња Никол Хамлин со која бил кратко во брак во 2006 година.
Актерот кој веќе има две деца, ќерката Исан и синот Винстон и покрај двата бродоломи не се откажал од идејата за среќен брак.
„Излегов во единствениот слободен ден што го имав, беше недела навечер. Отидов на една забава и таа беше таму. Забавата се викаше „Slow Jam Sunday“ и ја здогледав. Ме воодушеви. Останатото е историја“, открива британскиот актер како се вљубил во Сабрина на прв поглед.
Сабрина се занимава со манекенство, а фотките се одличен доказ зошто го маѓепсала актерот:
https://www.instagram.com/p/CG9niSGDLiV/
(О)Милена | Црнобело