И славните дами не се имуни на модни промашувања: Џеј Ло се прошета со етикета на наметката
- Детали
- понеделник, 30 август 2021
Дури и на славните дами може да им се случи некое модно промашување, како тоа да се прошетаат со етикетата на новата облека. Џеј Ло имаше таква ситуација.
Џеј Ло присуствуваше на модното шоу на Dolce & Gabbana каде повторно го привлече вниманието на сите со необичниот стајлинг во цветен дезен.
Таа на себе имаше свилени пантолони во цветен дезен, градник во цветен дезен и наметка, а целиот изглед беше комплетиран со цветна тијара.
Сепак, додека таа се упати од хотелот кон модното шоу со такси на вода будното око на папараци фотографите забележа еден детаљ што не го забележала ниту таа, ниту нејзиниот тим стилисти.
Никој не забележал дека на наметката што таа ја носи во внатрешноста сè уште стои етикетата.
Повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело