Роуз Мекгован пораснала во секта, Хилари Свонк живеела во автомобил – познати личности кои имале трауматично детство
- Детали
- недела, 19 септември 2021
Сигурно ќе се изненадите кога ќе сфатите колку многу познати личности имале ужасно, трауматично детство.
Некои од нив имале среќа да пораснат со грижливи родители кои им помогнале да успеат. Некои се деца на актери и музичари и ова им го поплочило патот до успехот. Но изгледа повеќето потполно сами се искачиле до врвот, притоа справувајќи се со траумите од нивното детство.
Погледнете кои познати личности имале трауматично детство:
Шарлиз Терон
Шарлиз Терон пораснала на фарма во Јужна Африка, каде што сведочела на многу потресен настан – мајка ѝ го застрелала нејзиниот татко во самоодбрана.
„Мислам дека тој момент имаше големо влијание врз мојот живот. Како дете, воопшто не ми беше лесно да живеам со алкохоличар и секое утро да се будам не знаејќи што ќе се случи“, има изјавено актерката за нејзиното минато.
На 16-годишна возраст таа почнала да работи како модел, а откако победила на некој натпревар, тргнала на патување низ Европа. Токму на ова патување бил забележан нејзиниот талент што ѝ ги отвори вратите кон Холивуд и, нормално, подобар живот.
Том Круз
Том заплива во актерските води уште на 19-годишна возраст, и тоа со многу мала улога, но набрзо потоа стана хит во Холивуд.
Сепак, пред да се пробие, Том имал тешко детство – татко му воопшто не ја почитувал мајка му, а целото семејство живеело во сиромаштија.
Неговите родители се развеле кога тој имал 12 години, а мајка му сама се обидувала да се грижи за него и останатите три деца. За среќа, мајка му стапила во брак уште еднаш, овојпат со многу подобра личност, а на Том му се пружила можност да почне да глуми во театарски претстави.
Актерот вели дека донекаде е благодарен за тешкото детство, бидејќи тоа му помогнало да стане личноста којашто е денес.
Хилари Свонк
Хилари и нејзината мајка биле толку сиромашни, што не можеле да си дозволат кров над главата. Некогаш спиеле во автомобил, некогаш кај пријатели, а актерката, иако само тинејџерка, постојано била исмејувана поради лошата финансиска состојба.
„Уште од мала знам што значи да бидете отфрлени од другите“, откри актерката во интервју.
На 15-годишна возраст ѝ се насмевнала среќата, па Хилари почнала да добива мали улоги кои ѝ носеле некаков приход. Со текот на времето, почнала да работи на поголеми проекти и сега е една од најпознатите холивудски актерки.
Роуз Мекгован
Роуз не живеела во сиромаштија, но нејзиното семејство било дел од озлогласената секта Children of God (Божји деца). За среќа, кога Роуз имала 10 години, со мајка ѝ успеале да избегаат, по што се преселиле во Вашингтон.
Но голготата на актерката не завршила овде – мајка ѝ запознала маж кој ја убедил дека Роуз е зависник дрога, па ја затвориле во клиника за рехабилитација. Актерката избегала оттаму и цела година живеела на улица, пред да се пресели кај тетка ѝ во Сиетл.
На 15 години се преселила во Лос Анџелес и почнала да се обидува да се пробие во филмската индустрија.
Деми Мур
Биолошкиот татко на Деми го напуштил семејство уште кога таа била многу мала, а набрзо мајка ѝ се премажила. Но, бидејќи нејзиниот очув често менувал работни места, семејството постојано се преселувало. Актерката сама има изјавено дека сигурно промениле 30-тина градови додека била дете.
Домашната атмосфера, пак, била ужасна. Најитните родители постојано се расправале, некогаш имало и физички пресметки, а на крај очувот извршил самоубиство.
На 16-годишна возраст Деми се откажала од училиштето, а кога наполнила 19 години ја добила својата прва улога. Нејзините почетоци во филмската индустрија биле бурни – почнала да користи дрога до тој степен, што почнала да добива закани дека ќе ја избркаат од филмот на којшто работела.
За среќа, Деми си го среди животот и успеа да изгради мошне успешна кариера.
Селин Дион
Селин потекнува од огромно, многу сиромашно семејство – таа била 14-тото дете!
Бидејќи родителите го забележале нејзиниот талент, таа почнала да настапува уште на 5-годишна возраст, а со тоа и да заработува по нешто за семејството.
На 12-годишна возраст таа ја сними првата песна, по што нејзината музичка кариера почна да се движи во нагорна линија.
Спирова С. | Црнобело