Просечен изглед vs. божица - како стилистите го трансформираат изгледот на славните дами?
- Детали
- сабота, 28 август 2021
Дури и Анџелина Џоли може да изгледа просечно ако нејзиниот стилист направи модно промашување. Модни промашуивања vs. погодоци...
Славните дами имаат врвни стилисти кои некогаш ги претвораат во божици, но некогаш може да направат модно промашување.
Моќта на облеката во трансофрмирање на изгледот е огромна, а овие фотографии се доказ за тоа.
Модни промашувања vs. модни погодоци на стилистите на славните дами:
Ема Стоун
На првата фотка со темниот фустан и волуменот во пределот на рамениците Ема Стоун изгледа чудно и бледо, додека на втората е ретро божица што блеска.
Никол Кидман
На првата фотка Никол Кидман има премногу бои и детали, а на втората со монохроматскиот фустан изгледа моќно и аристократски.
Џулиен Мур
На првата фотка изгледа просечно, дури и кич, додека на втората со фустанот во боја на вино е вистинска божица.
Кејт Хадсон
На првата фотка фустанот има премногу слоеви и детали, додека на втората направен е вистински моден погодок, Кејт изгледа елегантно и префинето.