Просечен изглед vs. божица - како стилистите го трансформираат изгледот на славните дами?
Шарлиз Терон
Најважно е фустанот да прилега совршено на фигурата, да ги истакнува предностите и крие маните, што не е случај со синиот фустан, но затоа во црниот Шарлиз блеска.
Дру Баримор
Првиот модел има чудни детали и не прилега на телесната градба на Дру Баримор. Во вториот модел таа изгледа како принцеза.
Маргот Роби
Сигурно сте чуле за негативниот ефект на хоризонталните линии на облеката, тие визуелно прошируваат. Од друга страна во вториот фустан истакната е совршената линија на Маргот Роби.
Анџелина Џоли
Црниот фустан не е секогаш безбедна опција. Првиот стајлинг на Џоли беше прогласен за еден од најлошите на Оскарите, поради лошиот материјал на фустанот и чудниот крој, но затоа пак со вториот таа ги собра симпатиите на модните критичари.
С. С. | Црнобело