Пред Бритни да биде под старателство двете „лудуваа“ заедно и ги полнеа таблоидите – Што мисли Парис Хилтон за неа?

Непосредно пред Бритни да доживее јавен нервен слом и да биде ставена под „легално старателство“ нивните заеднички фотографии од лудите забави ги полнеа таблоидите. Во какви односи се денес Бритни Спирс и Парис Хилтон?

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-01.jpg

Кон средината на 2000-тите години воопшто не беше невообичаено Бритни Спирс и Парис Хилтон да ги видите заедно. Нивните фотографии од лудите забави најчесто завршуваа на насловните страници на таблоидите.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-02.jpg

Во тоа време Хилтон уживаше во славата од нејзините серии The Simple Life, а Бритни повоторно беше „жртва“ на папараците што чекаа да уловат некоја нова фотографија за да ја стават до обвинувањата дека таа е лоша мајка што поминува многу повеќе време во забава, отколку во грижата за сопствените синови.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-03.jpg

Во тоа време, Бритни постојано беше „на удар“ заради лудите забави на кои присуствувала заедно со Парис Хилтон, а сега од една поинаква перспектива, можеби и би си помислиле дека било добро тоа што имала можност барем краток период да се опушти и да ужива во животот – без разлика на тоа што се пишуваше за неа.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-04.jpg

Овие луди забави се случуваа непосредно пред Бритни да биде ставена под „легалното старателство“ во 2008-мата година. Но, дали легалното старателство значеше крај на нивното пријателство и во какви односи се денес Бритни и Парис?

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-05.jpg

Во интервју за Entertainment Tonight во мај 2021, непосредно пред шокантното сведочење на Бритни, Парис Хилтон откри дека иако јавноста долго време не ги видела заедно, тие сè уште се многу добри другарки и дека си пишуваат често.

„Ја сакам. Всушност ѝ пишував минатата недела. Таа е мошне љубезна и приземна и е прекрасна жена. Многу се гордеам со неа“ – рече тогаш Парис.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-06.jpg

Инаку и во минатото Парис Хилтон често говореше за тоа што мисли за легалното старателство на Бритни, при што напоменуваше дека е мошне разочарана од мерките и чекорите што луѓето од тимот на Бритни ги превземале за да добијат контрола не само врз нејзиниот живот, туку и врз нејзиното богатство.  

За време на шокантното сведочење од јуни годинава, Бритни откри дека била приморана да оди во институција за ментално здравје. Кога почнала да се противи на таквите одлуки добила закани дека веќе нема да биде во можност да ги гледа нејзините синови Шон Престон и Џејден.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-07.jpg

Таа исто така се закани дека ќе поднесе тужба и против нејзиниот татко Џејми Спирс, за злоупотреба на легалното старателство, затоа што  тој стои зад ужасот што таа го поминала во последните 13 години – ја терал да настапува, да снима музика и да работи напорно, а неделно добивала џепарлак од 2000 долари, додека тој добивал по 18.000 долари месечно.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-08.jpg

Во објава на Инстаграм во јули 2021, Парис напомена сека секогаш ќе биде тука за нејзината другарка и дека кога ќе се заврши драмата околу легалното старателство за Спирс конечно да може да стане слободна жена.

„Секогаш ќе ја поддржувам и ќе ја сакам Бритни. Таа е мошне љубезна и мила и ја заслужува сопствената слобода. Долго време велам дека треба да ја ослободиме Бритни и ќе продолжам да го велам тоа сè додека не ја ослободиме. Сите мора да го кренеме гласот за да ги заштитиме жртвите на злоупотреба.

Таа е мошне храбра и нè инспирира со тоа што ја кажа сопствената вистина. Лично знам колку е тешко да излезеш и да ја кажеш сопствената приказна и се надевам дека Бритни знае дека е многу сакана и дека има поддршка од целиот свет во моментов“ – напиша Парис.

Во однос на тоа дали се сè уште блиски другарки Хилтон велеше дека тие се мошне блиски. Всушност рече дека ова лето имале заедничка вечера во Малибу и дека постојано се допишуваат и разговараат на телефон.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-09.jpg

Инаку, Бритни неодамна извојува голема победа кога нејзиниот татко Џејми Спирс самиот се откажа од легалното старателство, а фотографиите од лудите забави на Бритни и Парис ќе останат да сведочат за едно друго време.

pred-britni-da-bide-pod-staratelstvo-dvete-luduvaa-zaedno-i-gi-polnea-tabloidite-shto-misli-paris-hilton-za-nea-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Пар... Бившиот на Парис Хилтон објави нивна секс снимка и без разлика што таа беше жртв...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg