Сиромаштија, малтретирање, болести: Славни личности кои поминале низ пекол пред да се прослават и збогатат

Опра Винфри била малтретирана од семејството, Леонардо ди Каприо немал пари за храна, а Џеј Зи пораснал во опасно соседство и честопати се судирал со полицијата.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-01.jpg

Неретко луѓето завидуваат на богатството и луксузот што ги уживаат најпознатите личности на планетата, но неретко забораваат дека за повеќето од нив, животот не бил отсекогаш совршен. Некои од најголемите имиња во забавната индустрија пораснале во сиромаштија, со родители што ги малтретирале и не се грижеле за нив.

Овие ѕвезди се соочувале со бројни проблеми, а она што им е заедничко се желбата да избегаат од лошиот живот и упорноста која ги направила успешни.

Погледнете кои славни личност навистина поминале низ пекол пред да се прослават:

Леонардо ди Каприо

Иако денес оскаровецот е еден од најдобрите холивудски актери и „тежи“ неколку милиони, пред да се пробие, неговиот живот не бил воопшто лесен.

Леонардо не го крие своето тешко минато и во многу интервјуа споделува детали од деновите пред да стане познат. Тој има изјавено дека живеел во опасно соседство, а неговите родители едвај имале пари за храна. Но, тој смета дека токму тоа го мотивирало да не се откаже од соништата и да успее.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-02.JPG

Сара Џесика Паркер

Ѕвездата од Sex and the City имала доста проблематично детство – нејзините родители се развеле кога била само дете, по што таа го заладила односот со нејзините браќа и сестри. Неколку години по разводот, мајка ѝ се омажила и со вториот сопруг имала уште четири деца.

Сара вели дека со толку многу деца, нејзиното семејство не можело да си ги дозволи ни неопходните работи за живот, како струја и вода, па морале да аплицираат за социјална помош.

Кога, пак, Сара го открила талентот за глума, почнала да заработува на само 11-годишна возраст и со тоа да се грижи за целото семејство.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-03.JPG

Џеј Зи

Џеј Зи е првиот рапер во историјата кој станал милијардер, но за него патот до успехот не бил воопшто лесен. Всушност, некои од неговите најголеми хитови се инспирирани од многуте проблеми со кои се соочувал во детството и младоста.

Раперот живеел во опасни соседства каде што сиромаштијата, зависностите и пресметките на локалните банди биле норма. Поради околностите, и раперот тргнал на погрешен пат и неколкупати имал судири со полицијата.

За среќа, не се откажал од љубовта кон музиката, упорно творел, а останатото е историја.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-04.JPG

Том Круз

Самиот актер има изјавено дека покрај бројните семејни проблеми, неговиот татко бил и насилен кон него. Покрај тоа, актерот бил малтретиран од соучениците во текот на целото образование.

За среќа, како сите личности на листава, Том не се откажувал и денес е еден од најбараните холивудски актери.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-05.JPG

Еминем

Родителите на Еминем биле многу сиромашни и речиси и да не се грижеле за него. Покрај тоа, на раперот му било тешко да си најде пријатели на училиште и постојано бил малтретиран од соучениците.

Дружејќи се со Афроамериканци од неговото соседство, тој почнал да се интересира за рап и хип-хоп музика, набрзо откривајќи го својот талент. Со текот на времето, Еминем стана најпознатиот рапер во светот со кого не може да се спореди никој.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-08.JPG

Џесика Алба

Џесика пораснала во добро семејство, но во детството имала бројни проблеми со здравјето. Актерката имала алергии и хронична болест поради која ѝ направиле неколку операции. Ова значи дека поголемиот дел од времето го минувала во болница, а нејзините родители ја потрошиле целата заштеда на лекови и третмани.

Како ова да не било доволно, кога Џесика била дете мајка ѝ заболела од рак.

Денес Џесика ги остави проблемите со здравјето зад себе и изгради успешна актерска кариера.

siromashtija-maltretiranje-bolesti-slavni-lichnosti-koi-pominale-niz-pekol-pred-da-se-proslavat-i-da-stanat-bogati-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg