Бен Афлек го прослави 49-иот роденден со децата, додека Џеј Ло ги брише фотките со бившиот Алекс Родригез

По големиот број патувања со новата девојка Џенифер Лопес, актерот Бен Афлек го прослави 49-иот роденден во неделата заедно со трите деца од бракот со Џенифер Гарнер.

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-aleks-rodrigez-na-instagram-01.jpg

Актерот Бен Афлек, кој во последно време е мошне популарен по тоа што повторно е во врска со неговата поранешна свршеница, пејачката и актерка Џенифер Лопез, во неделата го прослави 49-иот роденден, а тој одлучи овој ден да го помине со неговите деца.

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-aleks-02.jpg

Афлек беше фотографиран во опуштено издание со сина маица, црни фармерки и спортски патики додека беше излезен со ќерките Серафина (12) и Вајолет (15) и синот Семјуел (9).

Тој трите деца ги доби од 10-годишниот брак со актерката Џенифер Гарнер со која играа заедно во филмот „Pearl Harbor“, а со која се разведе во 2018-тата година.

Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-aleks-03.jpg

Во изминатиот период Бен Афлек постојано беше фотографиран со неговата ново-стара девојка Џенифер Лопез додека беа на патување по повод нејзиниот 52-ри роденден. Тие беа на луксузна јахта во Сен Тропе, потоа во Капри, па во Мајами.

Прочитајте и На јахта на Сен Тропе, шопинг во Капри: Бен и Џеј Ло се на љубовна турнеја откако си дадоа втора шанса – каде сѐ беа?

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-aleks-05.jpg

Пред роденденот на Бен, дел од таблоидите шпекулираа дека се очекува новата двојка повторно да замине на некое патување, но очигледно Бен сепак се одлучи овој ден да го помине со неговите деца.

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-04.jpg

Од друга страна додека Бен беше заедно со неговите деца, обожавателите забележаа дека Џенифер Лопез во изминатите денови сериозно се посветила на тоа да направи големи промени на нејзините профили на социјалните мрежи, па забележително е дека ги избришала сите фотографии со поранешниот свршеник Алекс Родригез, а го избришала и од листата на следбеници на Инстаграм.

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-aleks-07.jpg

Бен и Џенифер по речиси 17 години решија да ѝ дадат нова шанса на врската. За потсетување, Џеј Ло и Бен ја почнаа врската во 2002-ра, а истата година и се верија. Во 2004-та ја раскинаа свршувачката, но годинава, скоро две децении подоцна, повторно се пар. 

ben-aflek-go-slavi-49-iot-rodenden-so-decata-djej-lo-gi-brishe-fotkite-so-bivshiot-aleks-rodrig-08.jpg

Потврда за тоа дека Бен и Џенифер се навистина сериозни кога станува збор за нивната романтична врска говори и фактот што откако се вратија од одмор тие повторно беа забележани како посетуваат повеќе имоти низ Беверли Хилс, со цел да го најдат нивниот иден заеднички дом.

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg