Кери и „Ѕверката“ со седи коси на снимање на „Сексот и Градот“ - колку се промени популарниот филмски пар? (фото)
- Детали
- вторник, 03 август 2021
Не ги кријат седите влакна и гордо си ги носат годините - како изгледа денес најомилениот пар од „Сексот и градот“ - Кери и Ѕверката, кои ги глумат Сара Џесика Паркер и Крис Нот?
Сара Џесика Паркер (56) и Крис Нот (66) беа фотографирани за време на сетот на новото продолжение од филмот и на многумина им ги стопија срцата со оглед на тоа што се омилен филмски пар. Сепак, ако се верува на информациите што протекоа од сценариото, изгледа нема да ги гледаме Кери и Ѕверка како пар повторно.
Оние што редовно ги следеа сите епизоди од серијалот, но и филмските продолженија на Sex and the city, знаат дека Кери по низа неуспешни врски успеа да стапи во брак со љубовта на нејзиниот живот – Ѕверка и тоа во првиот филм (откако тој претходно ја остави пред олтарот).
Потоа, имавме можност да ги погледнеме нивните проблеми во бракот во второто продолжение и имавме можност да ја видиме Кери како повторно се поврзува со бившиот дечко Ејдан Шо.
Кога таа му призна на Ѕверка што се случило со Ејдан, тој ѝ подари огромен црн дијамант за да потврди дека тие се посветени еден на друг.
Како и да е, ако се суди според она што протекло од новото сценарио, нештата сепак не се толку сјајни, па најверојатно Кери и Ѕверка сепак ќе одлучат да се разделат, но останува да видиме дали ќе бидеме изненадени со нешто неочекувано.
Како изгледаат денес Кери и Ѕверка, односно Сара и Крис:
Постари фотки:
Б. С. Б. | Црнобело