Не е опседната со изгледот, на прво место ѝ е сопругот – Мирка и Роџер Федерер на одмор во Хрватска (фото)
- Детали
- петок, 30 јули 2021
Мирка е една од ретките жени на спортисти која нема комплекси за изгледот и покажува како секој треба да си го сака своето тело – моментално со Роџер уживаат на одмор во Хрватска.
По повредата на коленото, светски познатиот тенисер одмара на хрватскиот остров Лошињ, заедно со сопругата Мирка и двата пара близнаци Мајла и Шарлен (11) и Лео и Лени (7). Очигледно Роџер ќе го прослави својот 40-ти роденден во кругот на семејството.
Инаку, по најавата дека нема да оди на Олимпијадата во Токио, Роџер се обидува да ја сочува приватноста и иако тој и Мирка не објавуваат ништо, сепак на социјалните мрежи се појавија фотографии од нивниот одмор.
https://twitter.com/tennis_photos/status/1419584144389165057
Сопругата Мирка, како и секогаш, прво е посветена на семејството и на сопругот и повторно не се обидува да ги скрие несовршеностите со монокини, туку напротив имаме можност да ја видиме во бикини и долго здолниште.
https://twitter.com/VocalistLavanya/status/1419618581625643018
Прочитајте и Таа се откажа од кариерата за тој да успее – Како Федерер ја возвишува неговата сопруга Мирка, која е „оперирана“ од комплекси?
Таа е пример за жена која не паѓа на нереалните стандарди за убавина кои ги поставуваат голем број од жените на спортистите на светот и никогаш немала комплекси за својот природен изглед, а за тоа се доказ фотките од летните одмори низ годините:
Претходно, во медиумите се појави видео снимка од тоа како славниот тенисер одигра партија тенис со неговата ќерка Мајла, но и со пријателот што го придружува на патувањето, Тиери Анри.
https://www.youtube.com/watch?v=U8RI_aknbqM&t=64s
Роџер Федерер на осми август ќе го прослави својот 40-ти роденден, а наместо со медал од Олимпијадата, овојпат ќе прослави со најблиските.
Погледнете неколку фотографии од островот Лошињ, каде семејството Федерер престојува моментално:
Погледнете и Најубавиот влез во море: Фотогеничните скалички поради кои се патува до Лошињ (фото)
Б. С. Б. | Црнобело