Бритни Спирс, Пинк – Кои познати дами ги запросија нивните партнери?
- Детали
- петок, 07 јануари 2022
Во 2005 година, Пинк го запроси нејзиниот сопруг Кари Харт на трка, а една година претходно, Бритни Спирс ја побара раката на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн.
Според традицијата, мажите се тие кои треба да клекнат на колено и да ја запросат партнерката. Но, во минатото имало случаи кога познатите дами не сакале да чекаат, па решиле нештата да ги земат во свои раце.
Всушност, праксата за тоа познатите дами да ги запросуваат идните сопружници и не е така ретка појава во Холивуд, а во продолжение истакнуваме четири најпознати дами кои го направиле тоа:
Пинк и Кари Харт
Пинк и Кари се запознале во 2001 година. По кратката разделба во 2003-та, две години подоцна Пинк одлучи да го запроси својот сегашен сопруг Кари Харт.
Таа го направи тоа на третиот круг од трката со мотори на која Кари се натпреваруваше во 2005-тата година.
Кога Харт го започна третиот круг од трката на патеката, Пинк држеше табличка од тимот на Кари, на која пишуваше: „Ќе се ожениш за мене?“.
Кога тој не застана, таа додаде: „Сериозно!“
По ова Кари го прифати предлогот на пејачката и тие се венчаа во Костарика во 2006-тата. Денес имаат две деца заедно.
Кристен Бел и Дакс Шепард
Кристен Бел му предложи брак на Дакс Шепард откако истополовите бракови станаа легални во Калифорнија.
Бел и Шепард не сакаа да стапат во брак сè додека истополовите парови немаа право да го направат тоа. Кога Врховниот суд донесе одлука и ги одобри истополовите бракови во Калифорнија во 2013-тата, Бел го постави прашањето на Твитер:
„Дакс Шепард ќе се ожениш ли за мене?“
Тој ѝ одговори на Твитер со големо „Да“.
Елизабет Тејлор
Елизабет Тејлор имала осум бракови, а еднаш дури и го запросила сопругот.
Таа му предложила брак на Мајкл Вилдинг во 1952 година, додека работеле на снимање на филм во Англија.
Тие заедно имаа две деца пред да се разведат во 1957-мата година.
Бритни Спирс и Кевид Федерлајн
Во една прилика, поп-пејачката изјави дека биле на лет од Ирска до Њујорк кога одлучила да го запроси Кевин Федерлајн.
„Наеднаш го прашав: ‘Што ако сакаш да се ожениш?’ и потоа го прашав дали сака да се ожени за мене“ – изјави Бритни.
Бритни и Кевин се разведоа три години подоцна, во 2007-мата година. Заедно имаат две деца, што во моментов живеат заедно со нивниот татко.
Б. С. Б. | Црнобело