„Ѝ течеше солза од окото од што ја болеше и не пушти глас“ - Сара Мејс за случка со ќеркичката во Египет
- Детали
- четврток, 29 јули 2021
„Боже, ако можам да објаснам колку ја сакам, јас Сара да не се викам...“, напиша пејачката и раскажа ситуација од одморот во Египет со својата наследничка.
Сара Мејс го посети тематскиот парк „Mini Egypt Park“ во Хургада, Египет, со сопругот Димитар и ќерката Илина и направија одлични фотки оттаму. Станува збор за отворен простор со модели на најпознатите градби во Египет и е како музеј на отворено, совршен за прошетка со деца.
Фотките од тематскиот парк (кликнете на стрелката десно):
Потоа Сара си направи плетенки со својата ќерка и напиша емотивна објава за храброста на малата Илина.
„Она и ја со новите плетенки.
Боже, ако можам да објаснам колку ја сакам, јас Сара да не се викам.
Ни пека два дена сакам плетенки исто како на девојчињата.
И добро одиме, седнуваме да нè плетат, јас во меѓувреме се туфкам пошто мене ме боли и не знам како и дали ќе издржи она.
Значи ѝ течеше солза од окото од што ја болеше и не пушти глас…
Е, тоа ти е желба.
#Желба за плетенки, #Шакира да будем, #Трпи баба за убавина“, напиша Сара Мејс.
Фотки од Сара Мејс и ќерката:
https://www.instagram.com/p/CR4HvLILpYB/
С. С. | Црнобело