„Сакам да го допирам твоето тело“ - Дамиано Давид од Måneskin со скандалозни 18+ фотки
- Детали
- вторник, 13 јули 2021
Некои ги обожаваат, а некои се згрозени од тоа што ни промовираат евровизиските победници... Италијанскиот бенд Måneskin повторно ги поместува границите.
Дамиано Давид од италијанскиот бенд Måneskin, кој триумфираше на Евровизија, периодов со своите колеги од бендот го живее својот сон.
Тие имаат вртоглава популарност и турнеја низ цела Европа каде со восхит се дочекани од фановите.
Но, тие не престануваат со скандалите.
Откако Дамиано позираше со кармин, високи потпетици, женска долна облека, сега на официјалниот профил прикачија смели фотографии на кои има интимни бакнежи и допири, веројатно помеѓу членовите од бендот, а на едната фотка скандалозниот вокалист носи бисери на себе. Во описот на фотките стои: „Сакам да го допирам твоето тело...“
Дел од скандалозните фотки на Дамиано Давид и членовите од бендот:
С. С. | Црнобело