„Порано не ме ни погледнуваа“ – Колку се промени животот на Ребел Вилсон откако ослабе 30kg?

Минатата година Ребел Вилсон ослабе 30 килограми и вели дека се чувствува многу поздраво, но и дека луѓето се однесуваат поразлично со неа - порано не ја ни забележувале, а сега дури сакаат и да ѝ помагаат на улица.

porano-ne-me-ni-poglednuvaa-rebel-vilson-neprepoznatliva-otkako-oslabe-30-kilogrami-01.jpg

По драстичната трансформација која неретко е споредувана и со онаа на Адел, Ребел Вилсон изгледа подобро од кога било, а и самата вели дека се чувствува одлично.

41-годишната актерка минатата година ослабе неверојатни 30 килограми и оттогаш редовно споделува фотки на кои гордо го покажува новото тело.

На една од последните објави, Ребел позира на јахта со нејзините пријатели, а набрзо потоа сподели и неколку фотки на кои во прв план е нејзиното деколте.

Претходно актерката го покажа затегнатото тело облечена во црно од глава до пети, а фановите веднаш прокоментираа дека наликува на Оливија Њутн-Џон во „Брилијантин“.

ne-me-poglednuvaa-sega-mi-ja-drzhat-vratata-rebel-vilson-za-promenite-shto-gi-zabelezhala-otkako-oslabe-30-kilogrami-foto-06.JPG

Ребел ја прогласи 2020-та за „година на здравјето“ и направи драстични промени во животните навики. Нејзините истрајност и упорност се за восхит, бидејќи за помалку од една година, актерката ослабе дури 30 килограми. Сега без сомнение изгледа одлично и, уште поважно, самата вели дека е пресреќна за промените што ги направила во животот.

Кога првпат се пофали за постигнатата цел, Ребел нагласи дека многу поважно ѝ е здравјето отколку бројот на килограми, но ги мерела килограмите за полесно да го следи својот прогрес.

ne-me-poglednuvaa-sega-mi-ja-drzhat-vratata-rebel-vilson-za-promenite-shto-gi-zabelezhala-otkako-oslabe-30-kilogrami-foto-03.JPG

Во неодамнешно интервју, пак, откри дека луѓето почнале да се однесуваат поразлично со неа откако ослабела:

„Најинтересно ми е како се однесуваат другите луѓе кон мене. Понекогаш, кога сте големи, луѓето не ве погледнуваат двапати. А сега, кога сум во добра форма, луѓето нудат да ми ги носат кесите до автомобилот или ми ја држат вратата отворена. Си помислив ’Зарем ова им се случува на сите луѓе постојано?‘“

ne-me-poglednuvaa-sega-mi-ja-drzhat-vratata-rebel-vilson-za-promenite-shto-gi-zabelezhala-otkako-oslabe-30-kilogrami-foto-02.JPG

Самодовербата на Ребел отсекогаш била на завидно ниво и пред да ослабе - таа гордо ги носеше килограмите.

„Сакам да мислам дека изгледам одлично во која било големина и отсекогаш сум имала висока самодоверба. Што значи, не е дека порано немав самодоверба, па сега имам супер-самодоверба“.

ne-me-poglednuvaa-sega-mi-ja-drzhat-vratata-rebel-vilson-za-promenite-shto-gi-zabelezhala-otkako-oslabe-30-kilogrami-foto-04.JPG

Актерката вели и дека никогаш нема да биде многу слабичка, но сака да продолжи со вежбањето и здравата исхрана.

„Си ги сакам облините. Мислам дека никогаш нема да бидам многу слабичка, но се чувствувам многу поздрава. Се чувствувам како да имам поголема контрола. Сега правам и повеќе филмови и имам поголемо влијание врз нивната содржина. Изгледа како коцките да се поклопуваат“.

ne-me-poglednuvaa-sega-mi-ja-drzhat-vratata-rebel-vilson-za-promenite-shto-gi-zabelezhala-otkako-oslabe-30-kilogrami-foto-05.JPG

Повеќе фотки од Ребел на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg