Ким е на луксузно патување, а Канје и децата чекаат авион седнати на земја – се враќаат од одмор во Мексико
- Детали
- петок, 02 јули 2021
Додека Ким Кардашијан е во Италија, нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест се грижи за нивните четири деца. Иако Канје не сподели фотографии на социјалните мрежи од одморот, тие беа фотографирани како чекаат на аеродромот во Мексико, седнати на земја.
Канје во средата (30.06) беше забележан како се гушка со неговата најголема ќерка Норт (8) додека чекаа на аеродромот. Заедно со нив беа и Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (2).
Канје и децата пристигнаа во Мексико на 20-ти јуни и беа во неговата куќа на островот Оаксака.
Очигледно, познатиот рапер и неговите деца не добиле посебен третман на аеродромот, па можеме да ги забележиме како седат на земја на терминалот додека го чекаат авионот со којшто ќе си одат дома во Лос Анџелес.
Во еден миг, тој ѝ го дал телефонот на Норт за да се забавува додека чекаат.
Секако, Канје не ја преземал грижата за децата сам, па така во близина може да се види дека заедно со нив е и дадилката што му помага.
Дополнително, медиумите веќе објавија фотографии на кои се гледа како поголем дел вработени го носат багажот на познатото семејство, кој меѓу другото содржел и повеќе кутии со музичка опрема.
Инаку, додека Канје ги чуваше децата, неговата поранешна сопруга Ким беше на одмор во Италија, од каде објавуваше шокантни фотографии како разголена се шета низ Ватикан, а заедно со неа беше и нејзиниот тим стилисти.
Б. С. Б. | Црнобело