Ким Кардашијан сингл и среќна во Рим – позира со фанови во провокативен фустан (фото)
- Детали
- четврток, 01 јули 2021
Деновиве Ким Кардашијан е во Италија, а за време на вечерната посета на познатата фонтана Треви во Рим одбрала провокативен фустан од латекс, а најде и време да направи селфи со фановите.
По лавината негативни коментари поради непочитувањето на правилата за облекување во Ватикан, Ким Кардашијан се појави во уште едно провокативно издание, овојпат во Рим.
40-годишната ријалити ѕвезда беше забележана пред познатата фонтана Треви, а одвои момент и за да направи селфи со нејзините фанови.
Ким носеше краток фустан од латекс со леопардски принт, во комбинација со сандали со врвки и мала чанта со ист дезен. Иако на фотките е ноќ, Ким ја дополнила комбинација со црни очила за сонце.
Ким беше опкружена со фанови, а од папарацо фотките се гледа дека со себе понела и фотограф.
Претходно, ријалити ѕвездата сподели неколку фотки од дневната прошетка низ Рим, од кои повеќето се направени пред Колосеумот.
Утрово таа сподели и фотка од хотелската соба, со опис:
„Добро утро Рим, добра ноќ Лос Анџелес“.
Погледнете и „Нема ни трошка пристојност“ – Ким Кардашијан мета на критики откако го посети Ватикан со разголен фустан (фото)
Спирова С. | Црнобело