Згодната Хејли Бибер вози џет-ски, Џастин ја бакнува – Парот ужива на одмор во Грција (фото)
- Детали
- среда, 30 јуни 2021
Џастин Бибер е вистински кавалер. Тој реши да ѝ дозволи на сопругата да управува со ски-џетот, а уживаше во заднина во возењето по морските бранови.
Хејли и Џастин Бибер уживаат во својата европска турнеја. По посетата на Париз, тие деновиве се во посета на Грција.
Пејачот и манекенката во моментов се на островот Милос, забавувајќи се со сите активности што им се нудат. Уживање на брод, нуркање и возење со ски-џет се само дел од активностите што тие ги испробаа.
Џастин покажа дека е вистински кавалер, па ѝ дозволи на својата понежна половина да управува со ски-џетот додека тој уживаше во возењето.
Забележително е дека двојката дефинитивно ужива во романтичниот одмор и видливо разменуваат нежности. А, додека Бибер цврсто се држеше за половината на неговата сопруга, успеа да вметне и по некој бакнеж во врат.
Што се однесува до облеката, Хејли (24) се појави во виолетово бикини, a Бибер (27) во бело-црвени шорцеви за капење.
Инаку, одморот во Грција доаѓа по минатонеделната посета на Париз, кога познатата двојка се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон, кога сите коментираа за целосно промашениот изглед на Џастин и Хејли што беше спротивен на сите протоколи за официјална посета на високи функционери.
Дополнително, Џастин редовно објавува фотографии од одморот на неговиот Инстаграм профил, погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело