Џастин и Хејли Бибер со раскопчана кошула и разголен стомак во официјална посета на францускиот претседател Макрон
- Детали
- вторник, 22 јуни 2021
Џастин и Хејли Бибер беа во официјална посета на францускиот претседател Емануел Макрон, но по сè изгледа воопшто не воделе грижа за кодексот на облекување при формалните посети.
Додека бил на минување во Париз, Џастин Бибер побарал да се сретне со претседателот Емануел Макрон. Сосема неочекувано францускиот претседател го прифатил барањето на канадскиот пејач.
Нема информации за што точно се разговарало на средбата, освен дека било поврзано со младите, но фотографиите на кои се Емануел и Брижит Макрон и Џастин и Хејли Бибер се најдоа во сите светски медиуми.
По сѐ изгледа младиот музичар и неговата сопруга решиле да не го следат протоколот за формално облекување за време на посетата на Елисејската палата. На фотографиите се гледа дека Џастин се одлучил за одело, но со раскопчана кошула и спортски патики.
Дополнително и Хејли одлучи да се појави во неформално издание. Таа носеше кафена тоалета со разголен стомак и гол грб. Дополнително, наместо формалните затворени чевли што се задолжителни според протоколот, таа се одлучи за отворени летни сандали со врвки.
Кога пејачот и сопругата пристигнаа во палатата ги носеа маските. Џастин се ракувал со претседателот, а потоа ја прегрнал Брижит. Фотографиите од посетата се направени од страна на фотографот во Елисејската палата.
Во продолжение повеќе фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело