Заводничката од спотот за „Despacito“, Зулејка Ривера, неодолива во бикини издание (фото)
- Детали
- четврток, 24 јуни 2021
Во 2006-тата беше победничка, а пред еден месец беше дел од жирито на Мис Универзум... Сега, со жешки фотографии на плажа го одбележа и пристигнувањето на летото. Се чини како времето да застанало за убавата Порториканка.
Малкумина знаат дека Зулејка беше Мис Универзум во 2006-тата година, па годинава како поранешна победничка беше член и на жирито на престижниот настан. Таа е по потекло од Порторико, а денес работи како актерка, ТВ водителка, танчарка и модел.
Иако таа вели дека Мис Универзум ѝ го променил животот, сепак светот за неа дозна откако таа се појави во видео-спотот за песната Despacito на Луис Фонси и Деди Јенки и остана запаметена како девојката што сензуално танцува на ритамот на музиката.
Видеото што беше објавено во 2017-тата година досега има над 7 милијарди прегледи, а песната на Фонси и Деди Јенки ќе остане како летен хит што долго ќе се памети.
Но, Зулејка Ривера не е само девојката што танцува во еден од најпознатите видео-спотови. Таа успешно продолжува да ја гради својата кариера како модел. Како член на жирито на годинешниот Мис Универзум, Зулејка објави повеќе фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
Како победничка на Мис Универзум ќе остане запаметена по неповторливата сребрена тоалета, а не потфрли ниту годинава кога како член на жирито се појави со необична тоалета изработена од крзнено здолниште и проѕирен горен дел проткаен со светкави елементи, што потсетува на диско ерата.
„Вечерва ја славиме моќта на жената, пред 14 години овој момент ми го промени животот во целост! Многу сум благодарна! Вечерва повторно ќе промениме нечиј живот. Не можам да дочекам да ја запознаам нашата нова убавица“ – напиша таа до фотографиите тогаш.
https://www.instagram.com/p/CO9HAeWMgwK/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, кога ќе се погледнат фотографиите на Зулејка Ривера од 2006-та година и сега сфаќаме дека со текот на годините таа станува само поубава и поубава.
Пред неколку дена Ривера објави уште фотографии на Инстаграм со кои го одбележа почетокот на летото, на кои изгледа неодоливо.
https://www.instagram.com/p/CQT8XlbMuD-/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, освен што е успешна во кариерата, Зулејка е и мајка. Таа во 2012 го доби синот Себастијан со нејзиното тогашно момче, кошаркарот Хозе Хуан Бареа.
Во продолжение повеќе фотографии од Зулејка:
Б. С. Б. | Црнобело