„Личи на вонземјанин“ – Клои Кардашијан повторно критикувана за „пластичните операции“ во реклама со нејзината ќерка Тру
- Детали
- вторник, 08 јуни 2021
Клои Кардашијан редовно е критикувана дека премногу ги уредува нејзините фотографии, а сега повторно се најде во слична ситуација поради реклама во која се појавува и нејзината ќерка Тру. Овојпат, Клои одговори на еден од негативните коментари.
Деновиве беше објавена реклама за лек за мигрена во кој се појавува Клои со нејзината 3-годишна ќерка Тру. Она што веднаш им го привлече вниманието на сите е „вештачкиот“ изглед на 36-годишната Клои – таа има многу шминка и, како што велат повеќето, воопшто не личи на себе.
„Што се случи со нејзиниот нос?“
„Изгледа многу различно!“
„Не ми се верува. Клои беше најубавата, само посакувам таа да го сфати тоа. Ја уништија“.
Повеќето коментари се од Инстаграм и Твитер, а Клои реши и да одговори на еден од нив.
„Дали истражувањето покажува дека колку повеќе пластични операции има некој, толку е поверојатно да страда од мигрени? Која фармацевтска компанија одбира заштитно лице кое има толку многу пластични операции, што личи на вонземјанин“, гласи негативниот коментар на Твитер.
„Жал ми е што се чувствуваш така. Го имаш секое прво да ме блокираш. Јас се обидувам да им помогнам на многуте кои страдаат во тишина. Ти имаш право на свое мислење. И јас имам право на мое. Мислам дека не треба да се нарекуваш феминист ако напаѓаш жена која не те провоцирала“, стои во одговорот на Клои.
Клои постојано тврди дека нема направено пластична операција, но не го крие фактот дека можеби некој ден ќе го стори тоа.
Драстичната разлика во изгледот на нејзините фотографии најчесто е поради многу шминка и користење алатки за уредување фотографии.
Прочитајте повеќе: По скандалот со нефотошопираната фотка, Клои повторно непрепознатлива: „Ќе продолжам да го правам тоа без извинување“
Рекламата можете да ја погледнете во продолжение:
Спирова С. | Црнобело