Велат дека е поубава од Софија Лорен – Како изгледала Маделин пред да стане „најубавата жена во светот“?
- Детали
- недела, 06 јуни 2021
Славната актерка и манекенка од Романија, 32-годишната Маделин Генеа деновиве ужива на одмор во Италија, земјата во која живее некое време.
Убавицата која честопати знаат да ја споредат со Софија Лорен е појава сама по себе, со оглед на тоа што повеќепати досега била прогласувана за најубавата жена во светот.
Поврзувана е со многубројни славни мажи за партнери, како Жерар Батлер, Леонардо ди Каприо и Вито Шнабел.
Моментално е на одмор со својот нов дечко, со кој ужива во Портофино.
Сега следи мало „враќање во реалноста“ со неколку пред и потоа фотки.
Дали најубавата жена на светот е родена таква или е дело на вешт пластичен хирург?
М. Д. | Црнобело