Кели Озборн изгледа непрепознатливо, откако ослабе 38 килограми
- Детали
- среда, 26 мај 2021
36-годишната ријалити ѕвезда изгледа комплетно непрепознатливо, неколку години по операцијата на желудникот.
Кели Озборн (36) изгледа речиси непрепознатливо на најновите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил откако ослабе 38 килограми.
Ријалити ѕвездата откри дека поставувањето на прстен на желудникот била најдобрата работа што ја направила.
Ќерката на легендардните Ози и Шерон Озборн е драстично трансформирана и постојано добива пофалби за изгледот од нејзините 2.3 милиони следбеници на Инстаграм.
Таа во август 2020 откри дека во 2018 година направила операција на желудникот со цел да симне килограми.
И покрај предупредувањата дека тоа може да биде опасно по нејзиното здравје и живот, таа изјави дека не се оптоварува што кажуваат другите и секогаш го прави тоа што го сака.
Како изгледаше некогаш:
Како изгледа сега:
С. С. | Црнобело