Рита Ора „уловена“ како се бакнува со новото момче и со неговата колешка – Која е Теса Томпсон?
- Детали
- вторник, 25 мај 2021
Рита Ора и нејзиното момче Таика Ваитити беа фотографирани во „жешка прегратка“ со актерката Теса Томпсон. Режисерот на Thor: Love and Thunder, пејачката и актерката беа фатени на дело како се бакнуваат по забавата во домот на режисерот.
Тројката беше забележана на балконот на домот на Таика Ваитити во Сиднеј, каде претходно тој бил домаќин на забавата. Ора, Томпсон и Ваитити биле забележани како пијат, се смеат и се забавуваат на балконот, а во еден момент папараците ги уловиле и жешките бакнежи.
Пејачката беше забележана како разменува бакнежи со нејзиното 14 години повозрасно момче, а дополнително на фотографиите е забележителна и блискоста што постои помеѓу неа и актерката.
Актерката Теса Томпсон е американска телевизиска и филмска ѕвезда. Досега играла во повеќе холивудски филмови (Murder on the 13th Floor, Selma, Creed), а најпозната е по улогата на Валкири во Thor: Ragnarok.
Таа е ќерка на познатиот пејач и текстописец Марк Ентони Томпсон и внука на актерот и музичар Боби Рамос.
Теса не е омажена и не говори за својот љубовен живот, но во една прилика говорела отворено за својата сексуалност, при што нагласила дека подеднакво ја привлекуваат и припадниците на машкиот и на женскиот пол, пренесува The Sun.
Гласините за можната романтична врска помеѓу 30-годишната Ора и 45-годишниот Ваитити почнаа да кружат неодамна кога Ора објави повеќе фотографии, меѓу кои и фотографија од нив двајца на Инстаграм.
Засега нема официјална потврда дека Рита Ора и Таики Ваитити се заедно, но двојката што во моментов е во Австралија засега не ги негирала приказните и објавите што се појавуваат во таблоидите.
Рита Ора во моментов во Австралија работи на снимањето на шоуто The Voice, во кое таа е еден од судиите, а Ваитити работи на снимањето на филмот Thor: Love and Thunder.
Б. С. Б. | Црнобело