Рита Ора разменува нежности со 15 години постариот дечко на појадок во Сиднеј (фото)
- Детали
- понеделник, 17 мај 2021
Рита Ора и Таика Ваитити беа фотографирани додека уживале во појадокот на отворено во Австралија. Тоа што на фотографиите може да се види дека двојката се држи за раце само дополнително ги „разгоре“ гласините дека тие двајцата се во врска.
Рита Ора (30) и оскаровецот Таика Ваитити (45) беа фотографирани заедно додека појадувале, а потоа и уживале во прошетката низ Сиднеј. Во еден миг Ваитити бил уловен како „нежно“ ја држи пејачката за рака додека се смеат.
Гласините за можната романтична врска помеѓу пејачката и режисерот на Thor: Love and Thunder почнаа минатиот месец кога Ора објави повеќе фотографии, меѓу кои и фотографија од нив двајца на Инстаграм.
„Добри времиња, сеќавања, неодредени работи од мојот телефон и оние што ги сакам“ , напиша таа до фотографиите.
https://www.instagram.com/p/CN7nJaBjSZe/?utm_source=ig_web_copy_link
Иако засега нема официјални информации дека се заедно, тие двајцата во моментов се во Австралија.
Пејачката е таму за снимањето на шоуто The Voice, во кое таа е еден од судиите, а Ваитити работи на снимањето на филмот Thor: Love and Thunder.
Инаку, во март беа објавени информациите дека Ваитити е разделен со неговата сопруга, продуцентката Челза Винстанли. Според Page Six, Ваитити и Винстанли не се заедно повеќе од две години, а заедно имаат две деца.
Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Page Six