Актерката Елен Пејџ откако стана Елиот Пејџ објави фотка во разголено издание
- Детали
- среда, 26 мај 2021
Нина Добрев му порача на Елиот Пејџ (34): „Изгледаш прекрасно и најважно од сѐ среќно.“
Актерката Елен Пејџ (34) го промени полот и за тој процес јавно говореше во неколку пригоди.
Сега, се вика Елиот Пејџ и вели дека одлично се чувствува во својата кожа.
Елиот објави фотографија како без маичка позира покрај базен.
На фотографијата му коментираше Мајли Сајрус која кусо напиша: „Жешко“, а потоа се надоврза и Нина Добрев која напиша: „Изгледаш прекрасно и најважно од сѐ среќно.“ Очигледно Елиот има поддршка од колешките од Холивуд.
Неодамна во шоуто на Опра, Елиот изјави дека за првпат може да се погледне во огледало и да се чувствува добро во врска со тоа што го гледа.
Неговата исповед прочитајте ја ТУКА!
Постари фотки од Елиот:
С. С. | Црнобело