Aктерката Елен Пејџ откри дека е трансродна личност и порача: „Oбраќајте ми се со Елиот“
- Детали
- среда, 02 декември 2020
Елен не откри до која фаза од транзицијата е, ниту дали има планови да подлегне на хормонска терапија или операција за да стане маж, но вели дека нејзината сопруга ѝ е огромна поддршка.
Актерката Елен Пејџ (33) која зад себе има значајни улоги и номинација за Оскар за улогата во филмот „Juno“ на социјалните мрежи објави дека е трансродна личност, сака да ја викаат Елиот и да ѝ се обраќаат со „тој“ наместо „таа“.
Оваа објава на канадската актерка доаѓа 6 години откако таа откри дека е хомосексуалец. Инаку, во брак е со 26-годишната Ема Потер од 2018 година.
Таа вели дека е пресреќна што дошла во фаза од животот каде може да биде искрена околу тоа, но вели дека едновремено е и исплашена.
„Здраво пријатели, сакам да споделам со вас дека јас сум трансродна личност, дека сакам да ми се обраќате со тој и моето име е Елиот. Среќна сум што го пишувам ова. Што стигнав до оваа фаза од мојот живот.
Благодарна сум им на неверојатните луѓе што ме поддржаа на ова патување. Не можам да ви изразам колку е прекрасно што конечно се сакам доволно себеси за да бидам автентичната јас“, ја започнува својата исповед Елен, но потоа додава дека е и исплашена од суровите шеги и насилството коишто може да следуваат и дискриминацијата кон трансродните личности.
Во својата исповед Елен не откри до која фаза од транзицијата е, ниту дали има планови да подлегне на хормонска терапија или операција за да стане маж.
Таа дури и на Инстаграм почна да се потпишува како Елиот.
Инаку, наскоро треба да започне со снимањето на третата сезона на серијата „The Umbrella Academy“.
Некогаш:
Сега:
С. С. | Црнобело