Актерката Елен Пејџ откако стана Елиот Пејџ, во шоуто на Опра: „Што ме прави среќен сега?“
- Детали
- четврток, 29 април 2021
„Излегувањето од под тушот и ставањето на пешкирот околу струкот и самото гледање во огледалото и помислата 'ете ова сум јас'... И немањето на момент каде сум во паника“, вели Елиот дека за него претставува среќа.
Aктерката Елен Пејџ пред извесно време изјави дека сака сите да ѝ се обраќаат со Елиот Пејџ.
Пo транзицијата, Елиот постојано говори јавно, а сега гостуваше и во шоуото на Опра каде во најавата проговори за малите секојдневни радости кои ги има сега.
34-годишниот актер кај Опра изјави:
„Излегувањето од под тушот и ставањето на пешкирот околу струкот и самото гледање во огледалото и помислата ете ова сум јас... И немањето на момент каде сум во паника“, вели Елиот дека за него претставува среќа.
„И самото тоа кога сум во маичка и можам слободно да си ги допрам градите и да се чувствувам комфорно во своето тело можеби за првпат во животот“, додава тој.
Во емоционалното интервју кај Опра Елиот откри дека направил и операција, а му потекоа и солзи, но нагласи дека тоа се солзи радосници.
Тој додава дека јавното говорење за транзицијата било клучно за неговото ментално здравје.
Најавата за интервјуто:
Прочитајте и Актерката Елен Пејџ откако стана Елиот Пејџ: „Конечно сум тоа што сум!“
С. С. | Црнобело