Колку се промени стилот на познатите жени низ годините?
- Детали
- недела, 30 мај 2021
Трендовите се менуваат од сезона во сезона, а на секој од нас му се менува и вкусот за облека, па со текот на времето нашиот стил трпи многу промени.
Само помислете како сте се облекувале пред 10-тина години, а како во последните неколку години. Веројатно има огромна разлика. Истото важи и за славните жени – низ годините, стилот на секоја од нив се променил многу.
Па, погледнете како се облекуваа познатите жени на почетокот од кариерата, а како во последните неколку години:
Ема Вотсон
Младата актерка е активна уште од детството, а нејзиниот стил се промени многу од првото појавување на црвениот тепих.
Нормално, во минатото Ема носеше поскромни и тинејџерски комбинации, а потоа постепено почна да го гради својот личен стил.
Извесен период актерката носеше посмела облека, а последниве година-две најмногу се држи до минималистичките комбинации.
Ријана
Денес Ријана е модна икона и една од најдобро облечените жени. На почетокот од кариерата често се појавуваше во комбинации со живи бои, а денес неретко ја гледаме во необични, но многу добри изданија.
Мајли Сајрус
Кога се прослави со серијата Hannah Montana, Мајли се облекуваше како и секоја тинејџерка од тој период. Како што се зголемуваше нејзината популарност, и нејзините комбинации стануваа похрабри, па денес не е реткост да ја видиме во навистина провокативно издание.
Ирина Шајк
И познатиот супермодел во минатото преферираше посветли бои, но денес го негува минималистичкиот стил.
Викторија Бекам
Стилот на Викторија дефинитивно претрпе многу промени и од најлошо облечена ѕвезда, таа се претвори во модна икона. Како повеќето славни жени, и таа сака минималистичка облека и секогаш воодушевува со нејзините комбинации.