Една од најубавите Холанѓанки објави смели фотки од доење и пумпање мајчино млеко – како е да се биде мајка и топ-модел?

Холандскиот топ-модел Роми Страјд во последно време споделува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил каде можеме да ја видиме како го поминува животот како мајка. Од смели фотки со доење на бебето, до прошетки, па и фотосесии каде пумпа мајчино млеко во слободното време.

Najubavata-Holangjanka-so-smeli-fotki-otkriva-kako-e-da-se-bide-majka-i-top-model-Najlosho-e-shto-nemash-vreme-za-sebe-01.jpg

Роми (25) сподели фотографии на кои ја покажа пумпата за мајчино млеко, додека е на фото-сесија во Ибица. Таа рече дека се придружува кон „животот на мајки на снимање“ . Ова е нејзино прво патување по цела една година. Таа последната година ја помина во Холандија.

Najubavata-Holangjanka-so-smeli-fotki-otkriva-kako-e-da-se-bide-majka-i-top-model-Najlosho-e-shto-nemash-vreme-za-sebe-02.jpg

Таа откако стана мајка на ќеркичката Минт во декември минатата година постојано споделува фотографии и видеа од животот како мајка, а ова се први фотографии што ги споделува откако се враќа на кариерата како топ-модел.

Освен што е мошне активна на Инстаграм таа има и свој видео блог (влог) на Youtube каде исто така говори за предизвиците со кои што се соочува како мајка и топ-модел.

Оние што го следеле нејзиниот влог знаат дека често во заднина се слуша звукот на пумпата за одмолзување мајчино млеко, па така на нејзиниот Инстаграм профил таа еднаш напиша:

„Мислам дека најтешко за мене е тоа што немам многу време за себе. Секако тоа вреди 100.000%, но би сакала некогаш да бидам самата со себеси и да си ставам маска или да го организирам станот или да исперам алишта со музика, на пример.“

Najubavata-Holangjanka-so-smeli-fotki-otkriva-kako-e-da-se-bide-majka-i-top-model-Najlosho-e-shto-nemash-vreme-za-sebe-03.jpg

Она што сите го забележуваат на најновите фотографии е дека мајчинството не влијаело премногу на нејзиното тело, па така најубавата Холанѓанка уште е во топ форма.

Во продолжение повеќе фотографии од Роми Страјд:

Najubavata-Holangjanka-so-smeli-fotki-otkriva-kako-e-da-se-bide-majka-i-top-model-Najlosho-e-shto-nemash-vreme-za-sebe-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg