Били Ајлиш ја соблече „вреќестата облека“ и се разголе за првпат – смело позира во корсет и секси долна облека
- Детали
- вторник, 04 мај 2021
Били Ајлиш повторно нѐ изненади. Ако се прашувавте што се крие под нејзиниот штит, затоа што досега бевме навикнати да ја гледаме закопчана од „глава до пети“ пејачката одлучи да се разголи за насловната страна на британскиот „Vogue“ и да покаже што се крие под облеката. Били има и скриена тетоважа што може да се види на дел од фотографиите.
Били (19) претходно откри дека има скриена тетоважа, но велеше дека никој, никогаш нема да има можност да ја види. Како и да е, на новите жешки фотографии, може да се види дека под проѕирната долна облека наѕирнува црна тетоважа која се протега од колкот, па до стомакот.
Тинејџерската поп-сензација отиде чекор понапред па заедно со новиот албум промовира и сосема нов имиџ: нова фризура, корсети, разголеност, со што во целост нè потсетува на класичната женска убавина од времето на Бети Бромсер, Одри Хепберн и стариот Холивуд.
„Никогаш не сум направила нешто во овој стил. Знаете, освен кога сум сама и слично“ – вели таа за фотосесијата.
Како и да е, Били која е најмладиот добитник на наградата Grammy досега, го „запали“ интернетот со жешкиот едиторијал. Фановите веќе ја споредуваат со Мерилин Монро.
Неколку дена пред да бидат објавени фотографиите Били го најави и новиот албум насловен „Happier than ever“ што треба да биде објавен во јули годинава.
Фотографиите од едиторијалот погледнете ги во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело