Били Ајлиш одговори на онлјан критките за телото и повторно се „сокри“ во вреќеста облека

Откако секој си дозволи да го коментира изгледот на нејзиното тело, Били Ајлиш испрати порака на Инстаграм и повторно се појави „заштитена“ во широка облека на Billboard Music Awards 2020.

bili-ajlish-odgovori-na-onljan-kritkite-za-teloto-i-povtorno-se-sokri-vo-vrekjesta-obleka-01.jpg

Били Ајлиш стана онлајн сензација откако беше уловена во секојдневно издание со тесна маичка каде до израз доаѓа нејзиното тело.

18-годишната музичарка секогаш е облечена во широка облека, а овојпат беше случајно уловена од папарацо фотографите во Лос Анџелес.

bili-ajlish-odgovori-na-onljan-kritkite-za-teloto-i-povtorno-se-sokri-vo-vrekjesta-obleka-03.jpg

bili-ajlish-odgovori-na-onljan-kritkite-za-teloto-i-povtorno-se-sokri-vo-vrekjesta-obleka-02.jpg

Наеднаш сите почнаа да коментираат и да даваат свој суд за изгледот на телото на Ајлиш, па таа на нејзиниот Инстаграм профил сподели ТикТок видео од блогерката Чизи Дуру, во кое девојката порачува дека е време да ги прифатиме вистинските тела и дека Инстаграм не е реален приказ на работите.

@chiziduru

Instagram has warped a lot of y’all into thinking normal bodies are abnormal ##bodypositivity ##realbody ##selflove ##FallAesthetic ##instagram

♬ original sound - Chizi Duru

Били е позната по својот специфичен стил и модните парчиња со смели принтови од луксузните брендови како Gucci, Burberry и Louis Vuitton. 

bili-ajlish-odgovori-na-onljan-kritkite-za-teloto-i-povtorno-se-sokri-vo-vrekjesta-obleka-04.jpg

„Никогаш не сакав светот да знае сѐ за мене. Затоа носам широка облека. Никој не може да има мислење затоа што не виделе што е оддолу, така?“, изјави таа во една пригода.

Младата талентирана музичарка секогаш се труди фокусот да биде на нејзината музика, а сега триумфираше и на музичкиот настан Billboard Music Awards 2020, каде повторно се појави во широк стајлинг и си го сокри своето тело од погледите и критиките на светот. 

Таа зема награда за најдобар Билборд 200 албум, за најдобар женски изведувач и за најдобар нов изведувач, односно 3 награди од 12 номинации.

Стајлингот на Били Ајлиш на Billboard Music Awards 2020:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Џими Кимел емотивен по третата операција на срце на 7-годишниот син: „Се надевам дека е последна“ „Кога се роди син ни и дознавме дека има проблеми со срцето, ни беше страв да се...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...
Долго време живееше како номад, купува само практични автомобили – Како Рики Мартин ги троши милиони... Купува и препродава имоти за заработка, има свој приватен остров и авион, но не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg