Дали принцезата Дијана навистина беше вљубена во принцот Чарлс?

„Но, мислам дека нема бегање од фактот дека тој беше вљубен во друга“, вели Мортон и посочува на аферата на Чарлс со Камила Паркер Боулс, која сега е негова сопруга.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-01.jpg

Биографот на принцезата Дијана, Ендрју Мортон, проговори околу тоа дали принцезата Дијана била навистина вљубена во принцот Чарлс. Мортон ја има напишано биографијата „Diana: Her True Story“ во 1992 година, a потоа останал во контакт со кралското семејство.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-04.jpg

Принцезата Дијана на Мортон тајно му обезбедила ленти на кои зборува за нејзиниот живот и за врската со Чарлс, кои биле инспирација и материјал за биографијата. Нејзиното учество во биографијата се чуваше во тајност сѐ до нејзината смрт во 1997 година.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-02.jpg

„Многумина веруваа дека таа се вљубила во фигурата на принц, а не во Чарлс како индивидуа. Но, јас ќе кажам дека верувам дека таа се вљубила во Чарлс, затоа што на крајот од денот тој е многу шармантен и забавен човек. Дали ѝ пречеа правилата од него? Да. Но, дали таа имаше емоции кон него? Мислам дека одговорот исто така е да“, вели Мортон.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-03.jpg

„Но, мислам дека нема бегање од фактот дека тој беше вљубен во друга“, вели Мортон и посочува на аферата на Чарлс со Камила Паркер Боулс, која сега е негова сопруга.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-05.jpg

Moртон исто така посочува дека бил на една средба кога пријателка ја прашала Дијана дали таа навистина го сака Чарлс и Дијана без размислување ѝ потврдила.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-06.jpg

Во книгата на Мортон се откриваат и интимни детали од животот на Дијана и Чарлс, како тоа дека требала да му се обраќа со „Господин“ кога се состанувале, а ѝ било дозволено да му се обраќа по име дури кога се свршиле.

dali-princezata-dijana-navistina-beshe-vljubena-vo-princot-charls-otkriva-nejziniot-biograf-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сестрата и мајката на Мараја Кери починале во ист ден: „Срцето ми се крши за оваа трагедија“ Изминатиот викенд, починале мајката и сестрата на Мараја Кери, а тажните вести г...
Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил,...
Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД Со имиџот на совршена домаќинка и мајка, Марта Стјуарт стана првата Американка к...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Смртни случаи во Холивуд кои со децении се обвиени со мистерија Дали Мерилин Монро случајно или намерно се предозирала со лекови или, пак, била ...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg