На Ким Кардашијан ѝ се додворуваат милијардери и ѕвезди - каков ѝ е ставот кон врските по разводот со Канје Вест?
- Детали
- среда, 21 април 2021
Извори блиски до Ким Кардашијан велат дека таа не може да „крене глава“ од додворувачи, до неа се обидуваат да дојдат дури и кралски припадници.
Ким Кардашијан, според пишувањата на американските медиуми, е мета на огромен број додворувачи. Од милијардери, холивудски ѕвезди, па до кралски припадници, голем е бројот на мажи кои што сакаат да бидат со неа по веста за разводот од Канје Вест.
40-годишната ријалити ѕвезда поднесе документи за развод од 43-годишниот рапер во февруари, по 6 години брачен живот. На почетокот од месец април Канје конечно се огласи по повод нејзиното барање.
Но, каков е ставот околу врските на Ким по финализирање на бракот?
Според извори блиски до ријалити ѕвездата, таа во моментов не бара никој, но ѝ годат понудите за состаноци од додворувачите.
Наводно сега е концентрирана на бракоразводната постапка, која се одвива мирно, а потоа планира да размислува околу тоа што во иднина на љубовен план.
„Луѓето се обидуваат да дојдат до неа преку заеднички пријатели и познаници со кои таа работела и тоа од холивудски актери од А-листата до милијардери и извршни директори“, вели извор близок до Ким.
„Таа не брза да влезе во нова врска, но е отворена кон тоа ако запознае некој кој навистина ѝ се допаѓа“, додава изворот.
Според фотките на Инстаграм периодов Ким ужива во друштво на своите деца, внуци и сестри и времето го користи за одмори на егзотични дестинации.
Како се забавува периодов Ким:
С. С. | Црнобело