Никол Шерцингер (42) и нејзиното 7 години помладо момче се најзгодниот пар на Хаваи (фото)
- Детали
- среда, 21 април 2021
Никол Шерцингер и нејзиното 7 години помладо момче периодов уживаат на одмор на Хаваи, а дефинитивно се најзгодниот пар.
Никој не може да им оддолее на фотографиите што Никол Шерцингер ги објави на Инстаграм профилот, а се направени за време на луксузниот одмор на Хаваи со нејзиното момче Том Еванс.
И додека нетрпеливо очекуваме да дојде лето, мора да признаеме дека Никол (42) успеа да предизвика завист кај нас како заради прекрасното тело, така и поради одморот од соништата.
Пејачката на The Pussycat Dolls на нејзиниот профил на Инстаграм објави низа фотографии на кои може да ја видиме како ужива на плажа во бикини, а до фотографиите напиша дека се „чуствува прекрасно“.
На другите фотографии на нејзиниот профил, објавени во текот на минатата недела, може да видиме дека парот навистина ужива во одморот. А кога станува збор за убавината, припадничките на понежниот пол ќе кажат дека и поранешниот рагбист, Том Еванс, со извајаните мускули не е за потценување.
Инаку, двојката е заедно на Хаваи, уште од почетокот на месецот. Таму заедно ги прославија велигденските празници, а со пикник на плажа го прославија и роденденот на Том (02.04.).
Б. С. Б. | Црнобело