„Те сакам сега и засекогаш“ – Ванеса Брајант со емотивни спомени ја одбележа 20-годишнината од бракот со Коби
- Детали
- понеделник, 19 април 2021
„Те сакам сега и засекогаш“ - со оваа порака Ванеса Брајант ја одбележа 20-годишнината од бракот со починатиот НБА кошаркар Коби Брајант.
Во неделата (18.04.2021) Ванеса сподели фотографија од среќните мигови во нивната врска за да ја одбележи 20-годишнината од бракот.
„Среќна годишнина, бејби. Те сакам. 20 години“ - напиша до фотографијата од нив на која се бакнуваат пред олтарот.
https://www.instagram.com/p/CN0BWlJDJed/?utm_source=ig_web_copy_link
Таа исто така објави и старо видео во кое Коби зборуваше отворено за нивната врска:
„Убаво ни е заедно. Ја сакам неизмерно. Ние сме најдобри пријатели. Тоа е благослов“ - вели Коби во видео снимката.
https://www.instagram.com/p/CN0EOqDjavp/?utm_source=ig_web_copy_link
А, Ванеса како наслов на видеото напиша: „Те сакам сега и засекогаш“.
Дополнително, Ванеса доби и подарок цвеќиња од По Гасол, кој играше заедно со Коби во Лос Анџелес Лејкерс. Инаку По и неговата сопруга Катерин Мекдонел ја крстија нивната ќеркичка по починатата ќерка на Коби и Ванеса, Џиана.
Откако Ванеса ја објави фотографијата со цвеќето на социјалните мрежи, Кетрин во коментар додаде:
„Среќна годишнина на две извонредни сродни души + 20 години од вистинска љубов. Ве сакаме В+КБ“.
Инаку, Коби и Ванеса се запознаа во 1999-та, на сет на музичко видео, кога кошаркарот имаше 20, а Ванеса 17 години. Не требало многу за да се роди љубов.
Кошаркарот ја запроси Ванеса откако таа наполни 18, а се венчаа на 18-ти април 2001-ва година.
Заедно имаат четири деца, ќерките Наталија, Бјанка, Капри, а за жал 13-годишната Џиана загина во хеликоптерската несреќа во Калифорнија заедно со својот татко.
Б. С. Б. | Црнобело