Братучетките на Кардашијанс се како нивни двојнички – Кои се и како изгледаат Кара, Кортни и Криста?
- Детали
- петок, 16 април 2021
Можеби мислите дека знаете сè што има да се знае за сестрите Карадшијан-Џенер, но ретко кој ги знае нивните братучетки. Веројатно досега не сте слушнале за Кара, Кортни и Криста кои се како нивни двојнички, но од времето пред козметичките корекции.
Кога ќе се погледнат фотографиите може да се забележи огромната физичка сличност помеѓу братучетките и познатите сестри, а доказ дека се блиски роднини е и тоа што и овие три сестри ја следат семејната традиција со буквата „К“ како почетна буква на имињата.
Криста, Кортни и Кара се всушност братучетки на Кардашијан сестрите и се појавија во една епизода од шоуто Keeping with the Kardashians во 2015-тата година, кога Ким и Клои отпатуваа во Ерменија да оддадат почит по повод 100-годишнината од Ерменскиот Геноцид.
Ким објави фотографија од патувањето на Инстаграм со опис:
„Клои и јас ги донесовме нашите братучетки Кортни и Кара Кардашијан. Ни недостасуваш Криста! Да, имаме три братучетки што се сестри и имињата им почнуваат на К! ХА-ХА.“
Иако сме навикнати, во рамки на реалното шоу практично во целост да ги следиме животите на познатите сестри, се чини дека нивните братучетки живеат мошне повлечен живот. Она што зачудува е дека воопшто не користат социјални мрежи.
Инаку, да, има разлика помеѓу имињата на Кортни и нејзината непозната братучетка. Исто звучат, ама се пишуваат различно, првата е Kourtney а втората Kourtni.
Трите девојки не се единствените братучетки на популарните сестри - Запознајте ја Натали Зетел, згодната братучетка на Кардашијан-Џенер сестрите
Б. С. Б. | Црнобело