Бред Пит (57) непрепознатлив – ја напушта болницата во инвалидска количка по стоматолошки зафат (фото)
- Детали
- четврток, 15 април 2021
Дали Бред Пит бил на избелување на забите пред Оскарите или се работи за посериозен стоматолошки зафат? Актерот „уловен“ како ја напушта болницата во инвалидска количка.
Ако некој не ви каже дека се работи за Бред Пит нема шанси да го познаете, зарем не? Сепак, Бред Пит не успеа да се скрие и овојпат од будното око на медиумите.
Тој во средата беше фотографиран на излегување од медицинскиот центар во Беверли Хилс во инвалидска количка, откако претходно бил на стоматолог.
На фотографиите што ги објави Page Six, 57-годишниот актер го гледаме заедно со неговиот телохранител.
Пит се појави целосно маскиран, со црн дуксер, маска за лице и огромни очила, па ако некој не ви каже дека тоа е познатиот актер, воопшто нема да го препознаете.
Иако не се знае точно каква процедура поминал Бред Пит, сепак е јасно дека морал да биде испратен од болницата во количка, поради веќе утврдената политика во медицинските центри во САД, која се користи за да се избегне каква било повреда кај пациентите при напуштање на болниците.
Како што беше претходно најавено, Бред Пит заедно со Харисон Форд, Хали Бери и Рис Витерспун, ќе биде меѓу водителите на годинешното доделување на Оскарите, што треба да се оддржи на 25-ти април годинава, па можеби целата оваа процедура опфаќала само избелување на забите, кој би знаел...
Од друга страна, Пит е топ тема во медиумите поради разводот со Анџелина Џоли, кој веќе со години се провлекува низ судниците и во моментов се смета за една од најдолгите судски борби во историјата на Холивуд.
Неодамна, дел од медиумите пишуваа дека Џоли и децата ќе се појават на суд и ќе сведочат дека Пит бил семеен насилник. Ова е инаку нов пресврт во битката што познатиот холивудски пар со години ја води за старателство над нивните деца.
Информациите за сведочењата на Џоли и на децата ги изненадија сите, затоа што досега не биле поднесени никакви обвиненија против актерот за насилство за време на нивниот брак, ниту пак има било какви полициски записи за насилство. Како ќе се разрешат работите, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Page Six