Синот на Анџелина Џоли сведочи против Бред Пит и сака да го отстрани презимето од татко му
- Детали
- петок, 19 март 2021
Бракоразводната постапка трае веќе 5 години, а сега и 19-годишниот Медокс излезе пред судот против својот татко Бред Пит.
Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс, сведочеше за време на бракоразводната постапка и битката за старателство, каде што прикажа не многу блескава страна од Бред Пит.
19-годишниот студент даде своја изјава како возрасна личност пред судот и тој оди дотаму што сака презимето Пит да го отстрани од своето име, нешто што неговата мајка наводно не го поддржува.
„Тој често не го користи презимето Пит и наместо тоа го користи Џоли дури кога се потпишува на нешто“, вели извор близок до семејството.
Наводно конфронтацијата на Медокs и Бред од 2016 година всушност била и финалната капка што ѝ ја прелила чашата на Џоли за да поднесе барање за развод. Сега, таа дури сведочи дека е подготвена да достави докази за семејно насилство од страна на Бред Пит.
Пред судот ќе сведочат и помалите деца на парот, доколку судот го одобри тоа.
За Бред Пит веќе еднаш се водеше истрага околу тоа дали извршил злоупотреба над синот Медокс за време на инцидентот при летот со приватниот џет, по кој следуваше веста за разводот, но актерот беше прогласен за невин.
Сега, повторно ќе се води истрага од овој тип.
Бракоразводната постапка трае речиси 5 години, а Џоли постојано анагажира врвни адвокати за развод.
Прочитајте и 5-те најлоши работи кои Анџелина Џоли му ги направи на Бред Пит
С. С. | Црнобело