„Го сака и мрази“: Сите детали за разводот помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит + нови фотки од неа
- Детали
- среда, 26 август 2020
Џоли на еден свој пријател се доверила дека со Бред го имала најдобриот секс во животот и се плаши дека нема да доживее повторно нешто такво.
Анџелина Џоли изгледа како само една „обична“ мајка додека оди на пазарење со својата 12-годишна ќерка Вивиен во Лос Анџелес.
45-годишната актерка со влечки и маска на лицето изгледа сосема кежуал, но шик.
Инаку, извор близок до актерката вели дека таа едновремено го сака и мрази Бред Пит и дека токму затоа толку го измачува со процесот на развод.
Тие веќе долго време се борат на суд за старателството над нивните 6 деца. Од самиот старт на нивната 12-годишна врска имаа луда динаминка со вљубување на сет и оставање на Џенифер Анистон од страна на Бред Пит, а потоа и посвојување на синот Медокс на Џоли.
Двајцата се зависници од адреналин, кои сакаа од време навреме да отпатуваат некаде авантуристички и да минат ноќ под ѕвездите без нивните деца.
Нивната интензивна физичка привлечност се гледаше оддалеку, а Џоли на еден свој пријател се доверила дека со Бред го имала најдобриот секс во животот и се плаши дека нема да има повторно нешто такво во животот.
„Тој беше сѐ за неа и не беше само физичката поврзаност толку силна, тие имаа и неверојатна духовна поврзаност.“
Во една пригода на тема нивниот сексуален живот во 2012 година Бред изјави за Џоли: „Таа сѐ уште е лоша девојка, но тоа не е за во јавност.“
Извор близок до парот вели дека најголемиот дел од нивните кавги биле додека Бред го снимал филмот „Allied“ и парот живеел во Велика Британија.
Постојат сведочења како парот се карал во јавност, а во еден миг Бред дури ја влечел Џоли за рака.
„Кавгите помеѓу нив експлодираа поради тривијални работи. Со текот на времето кавгите стануваа пожестоки и им беше тешко да ги сокријат од децата. Џоли мислеше дека Бред живее ергенски живот, а пак тој се жалеше дека таа му приговара цело време.
Од начинот на кој да ги воспитуваат децата до политика и нивните распореди, тие се караа за сѐ“, вели изворот.