Принцот Хари ќе долета во Велика Британија за погребот на принцот Филип - ќе оди ли и Меган Маркл?
- Детали
- петок, 09 април 2021
Принцот Хари ќе се врати во Велика Британија за погребот на неговиот дедо, принцот Филип.
Хари ќе присуствува на настанот во капелата Сент Џорџ во Виндзор, најверојатно наредната седмица. Но, со него најверојатно нема да дојде бремената Меган Маркл поради околностите, пишуваат британските медиуми.
Хари најверојатно ќе оди со приватен џет до Лондон од неговиот дом во Лос Анџелес и можно е да му бидат дозволени специјални дипломатски услови за да ги прескокне нормалните процедури и карантини поради пандемијата.
Од Хари и Меган сѐ уште нема официјално изразување на сочувство по смртта на принцот Филип.
Нема информација колку долго по погребот Хари ќе остане во Велика Британија.
Средбата на Хари со неговиот татко Чарлс и братот Вилијам нема да биде многу пријатна по скандалозното интервју со Опра.
С. С. | Црнобело