Истетовирани имиња, ланчиња од заби – Бруклин Бекам и Никола Пелц си изјавуваат љубов на најчудните начини
- Детали
- среда, 07 април 2021
Никола Пелц и Бруклин Бекам дефинитивно се најзаљубениот славен пар, а го покажуваат тоа на, понекогаш, чуден начин. По бизарните ланчиња направени од нивните заби и неколкуте тетоважи на Бруклин во чест на Никола, сега младата богаташка откри дека направила тетоважа со името на нејзиниот вереник.
На својот Инстаграм профил, Никола Пелц се пофали со тетоважата направена во чест на вереникот Бруклин. Наводно, таа ја направила тетоважата во ноември минатата година, но дури сега првпат подели фотка.
Никола го истетовирала името на Бруклин, а тетоважата се наоѓа на нејзиниот грб.
Ова е првата тетоважа на Никола во чест на Бруклин, но синот на Дејвид и Викторија Бекам има направено неколку тетоважи во чест на саканата. Тој го има истетовирано името на Никола на десната страна од вратот.
Тој има уште една, многу повпечатлива тетоважа инспирирана од Никола – слика од очите на неговата вереница истетовирана на вратот. Веднаш под таа тетоважа, Бруклин си истетовирал и слатка порака која му ја напишала Никола.
Неодамна, пак, младиот пар сподели дека си направиле ланчиња од нивните умници. На Инстаграм Стори Никола сподели фотка со опис:
„Ги претворив нашите умници во ланчиња. Бруклин Бекам ти си мојот најдобар пријател“.
Подоцна и Бруклин сподели фотка на која го носи бизарното ланче.
„Најдобриот подарок од мојот најдобар пријател и најневеројатната вереница. Ти си најдоброто нешто што ми се случило“, напишал тој.
Наводно, Никола и Бруклин почнале и да работат заедно, на филмот Lola James, кој е напишан и ќе биде режиран од самата Никола. Таа ја има и една од главните улоги во филмот, но уште се шпекулира што точно ќе прави Бруклин. Некои сметаат дека веројатно ќе биде фотограф на сетот, бидејќи веќе извесно време отворено ја покажува својата љубов кон фотографијата.
Спирова С. | Црнобело