Кајли Џенер е мета на критики: „Ти си милијардер и бараш од фановите да донираат за операција на твојот шминкер?“
- Детали
- понеделник, 22 март 2021
Кајли ги замоли фановите да донираат пари за мејкап артист кој имал тешка сообраќајка, но наиде на низа критики бидејќи таа донирала „само“ 5.000 долари. Но, оние кои ја осудуваат веројатно не знаеле дека со нејзината донација, таа помогнала да се соберат потребните 10.000 долари.
Јавноста остро ја осуди Кајли Џенер откако таа ги замоли фановите да донираат пари за операција на мозокот на шминкер кој доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Младиот шминкер Самуел Рауда доживеал сообраќајна несреќа, а поради повредите морало да му се направи операција на мозокот. За да собере средства за операцијата, тој направил кампања за донации на Go Fund Me, која Кајли ја сподели на Инстаграм Стори и ги замоли фановите кои се во можност да донираат.
Она што ја разгневи јавноста е тоа што Кајли донирала „само“ 5.000 долари за кампањата, без разлика што „тежи“ речиси 1 милијарда долари.
Првчната цел на кампањата била да се соберат 10.000 долари, а Кајли всушност донирала 5.000 долари откако веќе биле собрани 6.000. Што значи, со нејзината донација таа му помогнала на мејкап артистот да ја собере потребната сума. Сепак, ова не ја спречи јавноста, особено твитерџиите, да бидат груби кон неа и да ја нападнат бидејќи наводно била скржава.
После објавата на Кајли, за Самуел се донирани речиси 100.000 долари, но оние кои ја критикуваа веројатно не биле свесни дека потребната сума на почетокот изнесувала 10.000 долари, а не повеќе и таа всушност направила добро дело.
Дел од коментарите со кои ја напаѓаат Кајли:
„Чекајте, значи мејкап артистот на Кајли имал сообраќајка и му требаат 60.000 долари за операција на мозокот, а таа бара од фановите да донираат? А потоа донирала само 5.000, без разлика што е скоро милијардер?“
„Не ми се верува дека Кајли отворила кампања на Go Fund Me за нејзиниот стилист. Зошто таа не ја платила операцијата?“
Како што напоменавме, на Самуел првично му биле потребни 10.000 долари, а не 60.000, и со донацијата на Кајли неговата кампања ја постигнала целта. Покрај Кајли, и Бела Торн донирала 5.000 долари, а Софија Ричи и Бебе Реџа донирале нешто пониска сума.
Кампањата на Go Fund Me почнала на 16-ти март, со првична цел да се соберат 10.000 долари. После донацијата на Кајли, Самуел имал собрано околу 11.000 долари, а благодарение на објавата на младата богаташка, сега се собрани речиси 100.000 долари.
Подоцна креаторите на кампањата поставиле нова цел – да се соберат 120.000 долари. Веројатно бидејќи не знаеле за првичната цел на кампањата, луѓето ја осудуваа „скромната“ донација на Кајли.
Инаку, Самуел не е стилист на Кајли, туку само двапати соработувал со неа во 2015-та година. После ужасната сообраќајка, тој имал внатрешно крвавење и осум различни повреди на мозокот па морал веднаш да биде опериран. Според објавите на неговите пријатели, операцијата била успешна и Самуел се чувствувал добро.
Спирова С. | Црнобело