Криси Тајген го разбранува Инстаграм - позираше во топлес издание со синчето до неа
- Детали
- среда, 17 март 2021
Додека Криси Тајген се подготвувала за топлес фотосесија, нејзиното 2-годишно синче Мајлс решило да ѝ се придружи, па познатиот модел објави фотографија од тој момент. Претходно Криси објави фотки од неа и Џон Леџенд додека се подготвуваат за доделувањето на Греми наградите, кое го следеа од дома. Мислењата поделени.
Како и секогаш, Криси Тајген ја разбранува јавноста со нејзината нова објава на Инстаграм, овојпат со топлес фотка на која ги крие градите. На фотографијата се наоѓа и нејзиното синче Мајлс.
35-годишниот модел носи црно боди кое е спуштено под градите, црни штикли со отворени прсти и многу сребрени ракавици. Малиот Мајлс, пак, е застанат меѓу нејзините нозе и има слатка насмевка.
Наводно, Криси се подготвувала за топлес фотосесија, кога 2-годишното синче решило да ѝ се придружи за неколку фотки.
Како што е случајот за повеќето објави на Криси, и овојпат мислењата на фановите се поделени. Додека едни сметаат дека фотографијата е слатка, други ја критикуваат Криси дека претерува поради нејзината желба за внимание. Криси дури ѝ одговори на еден од коментарите кои ја критикуваат:
„Што ќе помислите кога ќе дознаете дека се бањаме заедно?“
Претходно, во неделата, Криси и Џон заедно го следеа доделувањето на Греми наградите од нивниот дом, а познатиот пејач си заработи и награда, во категоријата најдобар R&B албум.
Тогаш Криси сподели неколку фотки покажувајќи ги нејзината и комбинацијата на Џон. Криси одбрала црн корсет, здолниште со реси и сандали, додека Џон носеше нешто што наликува на бањарка од брендот Versace и црни панталони. Уште поинтересно е што пејачот е бос и веројатно не поминал многу време во средување за важниот настан.
На една од фотките, во заднина се гледа и малиот Мајлс кој изгледа едвај чекал да завршат со фотографирање.
За Џон Леџенд ова беше 12-та Греми награда, а досега има освоено и Оскар, Еми и Тони награди.
Џон и Криси се во брак од 2013-та година, а покрај Мајлс, ја имаат и 4-годишната ќерка Луна.
Минатата година Криси беше бремена, но на за жал го изгуби детето после спонтан абортус. Пејачката откри дека одбрале и име за детето пред трагичниот настан – Џек.
Спирова С. | Црнобело