Столчињата на кои седеа Меган и Хари кај Опра се распродале за 48 часа
- Детали
- вторник, 16 март 2021
Столчињата за во двор на кои седеа Меган и Хари во долгоочекуваното интервју со Опра, се распродале во рок од 48 часа по емитувањето.
Кристофер Најт објави дека столчињата од багрем по име Bruchett, кои ги продава неговата компанија за мебел, повеќе не се достапни на Overstock и Amazon.
„При сензационалното интеврју, никогаш немаше да погодам дека луѓето ќе ги забележат столчињата. Почестен сум што мебелот од најновата колекција остана во фокусот на најфасцинантното интервју во новата историја,“ вели сопственикот на компанијата.
Столчињата чинеле 554 долари во пар, а со оглед на тоа што интервјуто го гледаа 11 милиони луѓе во Велика Британија и нешто над 17 милиони луѓе во САД, сами направете ја математиката.
Гарнитурата за првпат била претставена оваа сезона и пред самото интервју била добро продавана.
На Фејсбук, Најт појасни дека тој не ги дизајнирал столиците, туку дека се резултат на добриот вкус и вештини на неговите деловни партнери.
М. Д. | Црнобело