Маица облечена наопаку, ќесичка со млечни заби: Најчудните суеверија на славните
- Детали
- сабота, 13 март 2021
Многу ѕвезди веруваат во чудни ритуали, древни молитви и симболи за добра карма и среќа.
Издвојуваме дел од нив:
Мадона има сувенир кој секаде го носи со себе. Го купила на почетокот од кариерата од шаман од Индија и според легендата, тој гарантира среќа, но и долг живот исполнет со песна.
Хајди Клум има изјавено дека никогаш не ја напушта куќата без со себе да ја понесе вреќичката со паднати млечни заби.
Вуди Ален исто така е суеверен. Тој верува дека добрата среќа доаѓа само ако ја носиш облеката превртена наопаку.
Џенифер Анистон се плаши од летање со авион, па има навика секогаш да влегува со десна нога. Исто така, сака да тропне трипати по надворешноста на авионот со кој лета.
Парис Хилтон верува дека ако секоја вечер во 11:11 си посакува желба, истата ќе биде испратена и слушната во Универзумот.
Камерон Дијаз има „среќно“ синџирче за околу вратот кое верува дека има ефект против стареење.
Серена Вилијамс е суеверна кога игра на теренот, па секогаш во текот на целиот турнир ги носи истите чорапи и го тапка топчето точно 5 пати пред да сервира.
М. Д. | Црнобело