Зборување против кралското семејство и уште 5 сличности помеѓу Меган Маркл и принцезата Дијана
- Детали
- четврток, 11 март 2021
Во 1995 година како бомба одекна интервјуто на принцезата Дијана во кое искрено кажува сѐ за животот во кралското семејство, а сега во 2021 година тоа се случи со Меган.
По бурното интервју кај Опра, Меган Маркл е во фокусот на вниманието, а сѐ повеќе ја споредуваат со принцезата Дијана.
Двете имаат различни позадини во животот, но сепак имаат голем број на сличности.
Јасно е дека Меган сака да нагласи дека ѝ се воодушевува на починатата принцеза со тоа што на интервјуто кај Опра носеше парче накит од неа.
Сличности помеѓу Меган Маркл и принцезата Дијана:
Зборување јавно против кралското семејство
Во 1995 година како бомба одекна интервјуто на принцезата Дијана во кое искрено кажува сѐ за животот во кралското семејство, а сега во 2021 година тоа се случи со Меган.
Во фамозното интервју Дијана откри дека во бракот биле тројца, односно посочи на аферата на Чарлс со Камила.
Меган пак. зборуваше како член од кралското семејство бил загрижен за бојата на кожа на Арчи. Но, за разлика од Дијана таа ја имаше поддршката од својот сопруг, кој седеше до неа за време на интервјуто.
Недостиг од поддршка за адаптација на кралскиот живот
Дијана откри дека во кралското семејство или мора да научите веднаш да пливате или тонете и никој не ви помага. Таа кралскиот живот го опиша и како изолиран.
Меган пак. откри дека ѝ било кажано дека не е доволно добра за „институцијата“, односно за реномето на кралското семејство и не добивала никакви упатства.
Проблеми со менталното здравје
Дијана говореше за депресијата и нарушувањата во исхраната, а сега и Меган отворено кажа дека имала суицидни мисли и дека во еден миг едноставно не сакала да биде жива повеќе.
Двете беа прогласени за „нестабилни“ од страна на британските медиуми.
Прогонување од новинарите
Дијана имаше константно медиумско внимание сѐ до денот на смртта. Во еден миг дури се соочила со фотографите кои трчале по неа и им кажала дека ѝ го претвориле животот во пекол.
Меган исто така имаше огромни притисоци и додека не се откажаа од кралските должности, постојано се пишуваше за неа и Хари во медиумите на секакви теми. Хари изјави дека тоа им го уништило менталното здравје и морале да се повлечат.
Живот на страна од монархијата
И Дијана и Меган имаа амбиција да живеат на страна од кралското семејство.
Дијана се „лечеше“ со помош на интензивната хуманитарна работа, а пак Меган тонеше во очај сѐ додека не го убеди принцот Хари да се преселат во САД.
Посветени мајки
И Дијана и Меган се мајки за пример. Дијана гласно говореше за љубовта кон нејзините деца, а истото го прави и Меган, која постојано нагласува дека синот Арчи и неговата среќа ѝ се приоритет во животот.
Таа изјави дека тој ја прави похрабра и ѝ дава сила во тоа да го направи светот подобро место за живеење.
С. С. | Црнобело