Сопругата на Чедвик Боузман во солзи ја прими постхумната награда на Златните глобуси
- Детали
- понеделник, 01 март 2021
Чедвик Боузман, кој почина минатата година после 4-годишна битка со ракот, доби постхумна награда на Златните глобуси, а неговата сопруга ја трогна јавноста со емотивниот говор.
Чедвик Боузман, кој почина на 43-годишна возраст, на овогодишните Златни Глобуси доби постхумна награда за најдобар актер во филм. Наградата ја прими неговата сопруга Симон, а со емотивниот говор ги трогна сите кои го следеа преносот.
Актерот ја доби наградата за изведбата во филмот Ma Rainey’s Black Bottom, а ги победи Риз Агмен, Ентони Хопкинс, Гери Олдман и Тахар Рахим.
Симон се вклучи на доделувањето виртуелно и едвај успеа да ги задржи солзите додека зборуваше, а на снимката се гледа дека солзите не може да ги задржи ниту Рене Зелвегер, која беше водителка на настанот.
„Би му се заблагодарил на Бог. Би им се заблагодарил на неговите родители, би им се заблагодарил на неговите предци за нивното водство и нивната жртва“, почнува говорот на Симон.
Потоа таа вели дека Чедвик би му се заблагодарил на неговиот неверојатен тим на сетот, па почна да ги кажува нивните имиња.
„Би кажал нешто убаво, нешто инспиративно, нешто што ќе го зајакне внатрешниот глас кој ви вели дека можете, кој ви вели да продолжите, гласот кој ви кажува што точно треба да направите во овој момент од историјата“.
Симон набројува уште неколку личности за кои вели дека Чедвик сигурно би им се заблагодарил, како режисерот и продуцентот на Ma Rainey’s Black Bottom.
„И, јас ги немам неговите зборови, но сите мораме да најдеме време да ги славиме оние што ги сакаме. Па, ти благодарам HFPA што направи можност токму за тоа“, завршува нејзиниот говор.
Инаку, HFPA е непрофитна организација на новинари и фотографи кои известуваат за настаните во шоу-бизнисот во САД.
Taylor Simone Ledward accepts the award for Best Actor in a Motion Picture, Drama on behalf of her late husband Chadwick Boseman at The #GoldenGlobes. pic.twitter.com/uz20f1kPHi
— NBC Entertainment (@nbc) March 1, 2021
Симон и Боузман ја почнаа врската во 2015-та, се верија во 2019-та и набрзо потоа се венчаа во тајност. Веста за венчавката се дозна дури после неговата смрт.
Експертите сметаат дека за улогата во Ma Rainey’s Black Bottom, Чедвик дефинитивно постхумно ќе освои уште некоја награда следниве неколку месеци, во сезоната на престижните филмски награди.
Годинава Чедвик влезе во историјата на кинематографијата, откако стана првиот актер кој заработил 4 номинации за SAG Awards во една година. Многумина се убедени дека иако веќе не е меѓу нас, актерот ќе добие и номинација за Оскар за изведбата во Ma Rainey’s Black Bottom или Da 5 Bloods.
Чедвик почина во август минатата година, после 4-годишна битка со рак на дебелото црево. Јавноста воопшто не знаеше дека актерот е болен и неговата смрт беше голем шок. Уште поневеројатно е што актерот продолжи со работа дури водеше битка со ракот и тој период успеа да ги сними најдобрите филмови од неговата кариера, за кои сега постхумно добива награди.
Спирова С. | Црнобело